Се сомневам дека и цела филозофија на светот би успеала да го укине ропството; во најдобар случај, ќе му го смени името. Во состојба сум да замислам полоши форми на ропство од нашите, полоши зашто се поподмолни; било затоа што ќе успеат да ги претворат луѓето во глупави и задоволни машини што замислуваат дека се слободни иако се под јарем, било затоа што кај нив ќе се развие, исклучувајќи ги безделничењето и уживањата, желба за постојана работа, каква што е страста за војување кај варварските раси. Јас повеќе го сакам нашето вистинско ропство од тоа ропство на духот и човечката фантазија.
Author: Marguerite Yourcenar