Човекот со вкус многу убаво објасни како некои дела можат да бидат интересни, а да немаат речиси никаква вредност. Со малку зборови тој докажа дека не е доволно да се подготви еден или два заплета какви што ги има во сите романи и кои секогаш ги освојуваат гледачите, туку треба да да се биде нов, а не да се биде настран; често возвишен, а секогаш природен; треба да се познава човечкото срце и да се пушти полека да зборува; да се биде голем поет, а ниту едно лице во делото да не изгледа како поет; совршено да се знае својот јазик, да се зборува чисто и секогаш милозвучно, а никогаш поради сликите да не страда мислата. Секој додаде тој, кој не се придржува до тие правила, може да напише една или две трагедии кои ќе имаат успех во театарот, но никогаш нема да биде вбројуван меѓу добрите писатели.
Author: Voltaire