Живееме, главно, со отворени очи. Со раѓањето, првпат ги отвораме очите. Кога спиеме, тоа го сметаме за мала, привремена смрт. Тогаш гледаме работи што не ги гледаме со отворени очи: соништата. Затоа, животот главно го сметаме за состојба на отворени очи. Ако се обидеме да се сетиме на нешто друго пред раѓањето – се сеќаваме само на темнина и тишина. Тогаш сме биле во Господа. Кога умираме, повторно го здогледуваме Господ. Тогаш повторно ги затвораме очите. Што значи тоа? Тоа, едноставно, значи дека Господ не се гледа со отворени очи, туку само со затворени. Затоа и ги затвораме очите секогаш кога му се молиме: со затворени очи љубат и монасите и љубовниците. Тоа значи дека Господ е речиси невидлив во животот, во оној период меѓу големото отворање и големото затворање на очите. Трепкањето, мижењето и спиењето се потсетници дека Господ постои, но дека, како и секоја светлина се гледа само во темно. Дајте им, затоа, значење на сите мижења – соништата, молитвите и љубовта!

Author: Венко Андоновски

Живееме, главно, со отворени очи. Со раѓањето, првпат ги отвораме очите. Кога спиеме, тоа го сметаме за мала, привремена смрт. Тогаш гледаме работи што не ги гледаме со отворени очи: соништата. Затоа, животот главно го сметаме за состојба на отворени очи. Ако се обидеме да се сетиме на нешто друго пред раѓањето – се сеќаваме само на темнина и тишина. Тогаш сме биле во Господа. Кога умираме, повторно го здогледуваме Господ. Тогаш повторно ги затвораме очите. Што значи тоа? Тоа, едноставно, значи дека Господ не се гледа со отворени очи, туку само со затворени. Затоа и ги затвораме очите секогаш кога му се молиме: со затворени очи љубат и монасите и љубовниците. Тоа значи дека Господ е речиси невидлив во животот, во оној период меѓу големото отворање и големото затворање на очите. Трепкањето, мижењето и спиењето се потсетници дека Господ постои, но дека, како и секоја светлина се гледа само во темно. Дајте им, затоа, значење на сите мижења – соништата, молитвите и љубовта! - Венко Андоновски




©gutesprueche.com

Data privacy

Imprint
Contact
Wir benutzen Cookies

Diese Website verwendet Cookies, um Ihnen die bestmögliche Funktionalität bieten zu können.

OK Ich lehne Cookies ab