Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!

Венко Андоновски


Go to quote


за предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.

Венко Андоновски


Go to quote


Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно. Копнееш по нешто, на пример по вода. Несреќен си и неисполнет додека копнееш, така барем мислиш и мислиш дека среќата ќе дојде кога ќе ја задоволиш својата жед. И еве, конечно, доаѓа првата голтка. Среќен си. Но само со првата голтка. Веќе со втората ти си по малку среќен, и со секоја наредна стануваш се понесреќен, оти класденецот е тука, ама копнежт бледнее и го снемува. Каков привид: беше несреќен додека растеше копнежот а сега си несреќен затоа што то ј се смалува! Ако е така, среќата е само миг: мигот кога го добиваш она по што си копнеел, првата капка. Во неа се`, вечноста.

Венко Андоновски

Tags: desire страст



Go to quote


За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеж - отсуство поприсутно од присуството треба да се има.

Венко Андоновски


Go to quote


Живееме, главно, со отворени очи. Со раѓањето, првпат ги отвораме очите. Кога спиеме, тоа го сметаме за мала, привремена смрт. Тогаш гледаме работи што не ги гледаме со отворени очи: соништата. Затоа, животот главно го сметаме за состојба на отворени очи. Ако се обидеме да се сетиме на нешто друго пред раѓањето – се сеќаваме само на темнина и тишина. Тогаш сме биле во Господа. Кога умираме, повторно го здогледуваме Господ. Тогаш повторно ги затвораме очите. Што значи тоа? Тоа, едноставно, значи дека Господ не се гледа со отворени очи, туку само со затворени. Затоа и ги затвораме очите секогаш кога му се молиме: со затворени очи љубат и монасите и љубовниците. Тоа значи дека Господ е речиси невидлив во животот, во оној период меѓу големото отворање и големото затворање на очите. Трепкањето, мижењето и спиењето се потсетници дека Господ постои, но дека, како и секоја светлина се гледа само во темно. Дајте им, затоа, значење на сите мижења – соништата, молитвите и љубовта!

Венко Андоновски


Go to quote


Љубовта не е милостина. Кога даваш милостина, се откажуваш од златник; кога даваш љубов се откажуваш од себе. И раката која го прима златникот, брза да го потроши; раката која го прима подареното срце брза да го сочува.

Венко Андоновски


Go to quote


Од гледна точка на дрвото, сечењето дрво е злостор. Од гледна точка на хартијата, сечењето дрво е - создавање.

Венко Андоновски


Go to quote


Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.

Венко Андоновски

Tags: life



Go to quote


« first previous
Page 2 of 2.


©gutesprueche.com

Data privacy

Imprint
Contact
Wir benutzen Cookies

Diese Website verwendet Cookies, um Ihnen die bestmögliche Funktionalität bieten zu können.

OK Ich lehne Cookies ab