Со ист здив умираат љубовниците. Со ист здив умираат оние што макар еднаш, во еден миг се љубеле
Венко АндоновскиTag: lovers
Пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.
Венко АндоновскиНе плачи, Папа, те молам, не плачи: ветувам дека ќе ти се јавувам, пред секое невреме ќе ти се јавувам, Папа; ќе ми ја гледаш душата како ми светка во облаците; и како виножито ќе ти се јавувам, како три виножита, не како едно; и како твоите облаци од детството ќе ти се јавувам, во вечна мена и промена, и како ветер ќе ти се јавувам, како пеперуга, пепел од ветер што засекогаш заминал, писмо вечно живо и љубовно ќе ти пишувам со лисја есенски, кога ќе г поземам и ќе дувнам; шшшшшшшшш!; и на трепките ќе ти спијам без да ме сетиш, и не лути се што нема да ме сетиш Папа, оти не ќе сакам да те будам, додека спиеш уморен од твоите книги и ме сонуваш; и како риба ќе ти се јавувам, со полна утроба твои деца, неродени; и како самовилско коњче што во мигот ја сокрило вечноста, животот во еден ден го заробило; и како „ж“ и „ш“ во устите на другите лични девојки ке ти се јавувам, сигурно ќе ме препознаваш, Папа, како жар во огништето; ќе ме гледаш, Папа, како жива жар, кога ќе бидеш стар и седокос, седнат крај огнот во некој манастир, ќе ти се јавувам и како сенка твоја Папа, верувам дека ќе ти се јавувам, само ако ме повикаш и ако уште ме сакаш; и како црно јагне ќе ти блеам, и како румена калинка донесена од југот ќе ти се јавувам, ќе ми се насладуваш Папа, не плачи Папа, ние бевме среќни и сега нека не изгорат, тие ништо друго и незнаат освен да ги горат среќните, оти им завидуваат, и сите учени закони и сите светски судови и сите судиски перики и чекани, сите униформи и чинови, сите брачни договори се смислени само за да им се забрани на двајца да си палат оган по телата и во срцето, да си ги скокоткаат душите во слатки пламења, затоа се смислени сите тие гадости, за да се прогони огнот од нашите животи и да се внесе ред, вода што се командува според саканата форма на посатката, затоа не плачи Папа, ние се сакавме, ние изживеавме се во еден месечев живот, во дваесет и осум круга на земјата околу сонцето; ние сами се запаливме, се претворивме во оган, Папа: па ти ми палеше веќе слатки пламења на слабината, по вратот, по бедрата, во утробата, утробата со бакнеж и врели жигови ми ја отпечати и ми ја запечати, ме топеше како старо златко и ме лееше во камбана, па сум горела до сега стопати со тебе Папа, поврага веќе со
Венко АндоновскиЉубов постои. Не секаде, не секогаш, но постои. Тоа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа.
Венко АндоновскиTag: love
И кога палат книги, тие не ги уништуваат мислите, туку само хартијата на кои тие мисли се запишани.
Венко АндоновскиНемаше никогаш да си простам ако те напуштев, ако се удавев, будалче мое, ќе умрев пред да се удавам, ќе умрев од скрб да не останеш сам, јас ќе умрев за тебе пред да умрам за мене.
Венко АндоновскиЛагата е доблест ако спасува живот.
Венко АндоновскиСекогаш се кажува премногу кога разумот, тој џелат на срцето ќе заспие и ќе го пушти срцето на слобода.
Венко АндоновскиШто се сите наши години, што се годините на еден старец во споредба со годините на сонцето и месечината, што се тие доби ако не - само еден ден?
Венко АндоновскиСекое патување е по малку и умирање. Низ врата почнува секое патување, а смртта, како и љубовта е врата. Два пламени разделени, еден зад прагот, еден далеку од прагот; ако биле слаби, ветрот ќе ги згасне. Ако биле силни, само ќе ги распламти уште повеќе!
Венко АндоновскиPagina 1 di 2.
prossimo ultimo »
Data privacy
Imprint
Contact
Diese Website verwendet Cookies, um Ihnen die bestmögliche Funktionalität bieten zu können.